More

    Условни казни за предизвикувачите на насилни инциденти пред Собранието

    spot_img

    Од осуммина обвинети за учество во толпа која ќе стори кривично дело, седуммина признаа вина за насилните инциденти во текот на протестите против францускиот предлог.

    Според телевизија Телма, судот на сите што признаа вина им изрече условни двегодишни затворски казни, кои ќе се реализираат доколу во наредните 4 години сторат кривично дело. Обвинетите се ослободени од притвор.

    Од седумината кои признаа вина, тројца се средношколци. Еден е на 19-годишна возраст, а останатите се до 36-годишна возраст.

    При завршните зборови, обвинетите освен што признаа вина, изразија каење, ветија дека нема да повторат вакви слични дела, тврдејќи дека биле понесени од толпата која протестирала.

    Меѓу другото беа обвиенети за учество во толпа која ја искорнала оградата, од каде се фрлале бекатони и камења кон собраниската зграда и полицајците во кордоните.

    Обвинетите се товарат и дека повредиле 26 полицајци меѓу кои со тешки телесни повреди завршила жена полицаец ангажирана за обезбедување на протестите.

    Собранието пријавило штета од 565 илјади денари (околу 9.200 евра) која ќе треба да ја платат осудените.

    Утрово уште двајца учесници во инцидентите на протестите добиле условни казни, а единствo.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img