Премиерот на Бугарија, Николај Денков изрази поддршка за прием на Украина во НАТО, но постави услов тоа да се случи по војната.
Денков присуствува на состанокот на алијансата на високо ниво во Вилнус, Литванија, каде централното прашање беше како да ѝ се помогне на Украина да се спротивстави на руската агресија и да ѝ се даде видлива перспектива за приклучување кон северноатлантскиот блок.
Бугарија ја претставува премиерот, а не како досега претседателот, откако шефот на државата Румен Радев падна во меѓународна изолација поради неговата двосмислена позиција во однос на Русија.
– Ќе има јасна перспектива Украина да стане членка на НАТО, но за тоа мора да ги имаме соодветните услови. Се додека Украина е во воена состојба со соседна земја, тоа не може да се прифати, но условите под што на крајот ќе биде прифатено – изјави Денков на новинарите во Вилнус, пренесоа бугарски медиуми.