More

    Уште незапочнат натпреварот помеѓу скопски Шкупи и бугарски Левски на арената „Тодор Проески“ во Скопје, веднаш избија инциденти околу најголемиот македонски стадион

    spot_img

    Уште незапочнат натпреварот помеѓу скопски Шкупи и бугарски Левски на арената „Тодор Проески“ во Скопје, веднаш избија инциденти околу најголемиот македонски стадион.

    Навивачите на Левски уште со самото влегување на стадионот почнаа со навредливи слогани и извици со провокации кон дел од навивачите на македонската екипа кои пристигнуваа на стадионот, поради што мораше да интервенира и полицијата.

    „Уби, уби Шиптара… Ова е Бугарија… Цигани…“ – се дел од навредливите слогани упатени кон играчите на Шкупи кои во моментов се загреваат во очекување на натпреварот.

    Сето тоа предзвика и реакција на македонската полиција која мораше да скроти дел од навивачите на Левски кои ја напуштија својата предвидена зона на Источната трибина, па следуваа и апсења за дел од најагресивните навивачи на бугарската екипа.

    Според информациите до кои дојдовме, уапсени се најмалку тројца навивачи на Левски, а информација за повредени полицајци сѐ уште нема.

    Претходно, инцидент се случил и во скопската населба Чаир, каде што навивачите на Левски биле нападнати од фанови на Шкупи.

     

    Попладнево, навивачите на Левски не штедеа зборови како да го понижат македонскиот народ ниту пред камерите:

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img