Деветмината македонски државјани од Велес кои беа затекнати во Тел Авив за време на нападите на Хамас врз Израел веќе се безбедно вратени назад во Македонија, брифираат извори од МНР за Телма. Тие доцна синоќа ја напуштиле Тирана со комбе откако претходно пристигнаа таму со помош специјалниот лет на Владата на Албанија.
Уште македонски државјани чекаат да бидат евакуирани од Израел. Седум македонски туристи кои престојувале во Витлеем ја минале границата со Јордан. Четиричлено семејство од Тел Авив се упатило кон Истанбул со комерцијален лет и патуваат кон Македонија.
Меѓу 100 и 200 македонски државјани пријавиле дека престојуваат во загрозените подрачја, проценува МНР.