Специјалната единица на косовската полиција ФАСТ (Единица за бегалци) денеска го уапси 44-годишниот А.Б. кој го побара Србија преку ИНТЕРПОЛ.
Србија го бараше преку меѓународна потерница на ИНТЕРПОЛ за да отслужи речиси три и пол години затвор за корупција.
На уапсениот му е одредена мерка притвор во траење од 48 часа, а како што соопштија од косовската полиција, обвинителот „во ваквите случаи презема мерки согласно процедурата“, без дополнителни детали.
Тие истакнаа и дека се посветени на зајакнување на „меѓународната полициска соработка“.
Ова е трето потврдено апсење овој месец врз основа на меѓународни потерници од Србија.