Уште една елиминација на фаворитите во Монте Карло, одличен меч на Димитров

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Бугарскиот тенисер Григор Димитров се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Монте Карло, откако го победи седмиот тенисер во светот Каспер Руд со 6:3, 7:5.

Димитров, 29. тенисер во светот, за час и 33 минути до пласман меѓу осумте најдобри стигна.

Бугарскиот играч водеше со 5:1 во првиот сет, а до крајот Норвежанецот успеа само да го намали резултатот.

Во вториот сет беше забележан еден брејк кој Димитров го направи во 12. гем во кој ја искористи третата меч топка.

Тој во четвртфиналето ќе игра против подобриот од мечот меѓу Полјакот Хуберт Хуркач и Шпанецот Алберт Рамос Винолас.

Во четвртфиналето се пласираше и 13-от светски играч, Американецот Тејлор Фриц, кој го победи својот сонародник Себастијан Корда со 7:6 (4), 7:5.

Победникот на Мастерсот во Индијан Велс во следната фаза ќе игра против Алехандро Давидович Фокина, кој беше подобар од Гофин со 6:4, 6:1.

Share This Article