Уште еден напад на политичар се случи во германскиот град Манхајм. Нападнат е локален политичар на АФД, кандидат за локални избори.
Инцидентот се случил во вторникот доцна вечерта, околу 24:45 часот, кога политичарот бил нападнат со нож во близина на маркетот. Насилникот е уапсен, потврди полицијата, пренесува ДПА.
Политичарот на АФД сè уште е во болница, но претрпе само полесни повреди и исеченици.
За потсеување, пред неколку дена, на 31 мај, на плоштадот во Манхајм имаше брутален напад со нож. Тогаш беше избоден Михаел Штурценбергер (59), германски политичар познат по своите антиисламски убедувања. Повредени се уште неколку лица, а неколку дена по инцидентот починал полицаецот кој беше повреден во тој инцидент.