Албанскиот министер за одбрана Нико Пељеши денеска соопшти дека уште еден контингент војници од Албанија се приклучил на мисијата КФОР на Косово.
Тој на Фејсбук изјави дека со тоа се зголемува придонесот на Албанија во Северноатлантската алијанса.
„Препознавајќи го големото значење на КФОР, за Косово и за Западен Балкан, нашите вооружени сили се подготвени да служат заедно со нивните меѓународни колеги, потврдувајќи ја нашата улога како извозник на глобалниот мир и безбедност“, напиша Пељеши.
Досега Албанија имаше неколку офицери кои служеа во главната команда на КФОР.