More

    Уште еден бизнис-авион од Санкт Петербург слетал по него

    spot_img

    Бизнис-авионот на основачот на Вагнер, Евгениј Пригожин, полета од рускиот град Ростов за Белорусија, а таму пристигнла уште еден авион од Санкт Петербург, објави независниот медиум Беларуски Хајун, повикувајќи се на податоци на Flight Radar, пренесува хрватски Индекс.

    Авионот на Евгениј Пригожин со регистарски број RA-02795 слета во воздухопловната база Мачулишчи во близина на Минск во 7:40 часот.

    Другиот авион кој стигнал од Санкт Петербург во Минск исто така бил бизнис авион. Тој слетал 18 минути по авионот на Пригожин.

    Рускиот претседател Владимир Путин синоќа изјави дека активностите на руските служби, здравиот разум на мнозинството членови на Вагнер и „патриотскиот дух на руските граѓани“ биле одлучувачки во задушувањето на бунтот предводен од Пригожин против руското воено раководство.

    Тој на Вагнеровците им понуди неколку опции – да се приклучат на руската армија, да одат кај нивните семејства или да одат во Белорусија.

    фото: flightradar.com

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img