Уште двајца кандидати на чекор до влез во претседателската трка

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

278 потписи ја делат професорката Билјана Ванковска од Левица за да влезе во претседателската трка, според последниот пресек на 29 февруари до 20 часот.

На претседателскиот кандидат на ГРОМ, Стевчо Јакимовски од ГРОМ му недостасуваат уште 735 потписи. Тие се и последните двајца кои се очекува да влезат во изборната трка за претседател на Македонија, заедно со Максим Димитриевски, Бујар Османи, Арбен Таравари, Гордана Силјановска-Давкова, Стево Пендаровски.

Останатите претенденти имаат од стотина до илјада потписи. Вело Марковски има 1.196, Зорица Цветковска од „Десна“ има 148 потписи, Мерсиха Смаиловиќ има 1.160 потписи, Ѓорѓи Манасков има 360 потписи, Господин Попоски има 86 потписи. Ова го покажува пресекот на ДИК, согласно евиденцијата до вчеравечер.

Постапката за собирање потписи, која почна на 23 февруари, ќе трае непрекинато секој ден од 8 до 20 часот, а последниот ден на 8 март ќе работат до 24 часот. Собирањето потписи се одвива во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК сместени во седиштата на 34 локални самоуправи и пред надлежните нотари.

Кога подносител на листа на кандидат за претседател е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 10.000 потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список, а кога подносител на листа на кандидат за претседател се пратеници, потребно е да се соберат најмалку 30 потписи од пратениците.

Учесниците на изборите листите со кандидати за претседател на државата треба да ги достават до ДИК најдоцна до 19 март, на полноќ. Рокот за собирање потписи се однесува и за претседателските и за парламентарните избори. Претседателските избори се закажани за 24 април, а вториот круг е на 8 мај кога треба да се одржат и парламентарните избори.

Share This Article