Уште 20 луѓе се заглавени, а 120 се досега спасени во големиот пожар во западниот дел во бизнис-зграда во Москва, пренесува ТАСС. Првите четири од вкупно десет ката се зафатени, а огновите ги гаснат 180 пожарникари. Според првичните информации нема жртви. Постои можност пожарот да бил подметнат, што ќе биде предмет на истрага на руското обвинителство.