More

    Урсула фон дер Лајен спасувала патник во авион

    spot_img

    Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен спасила патник на летот на швајцарска компанија „Свис Ер“ од Цирих за Брисел.

    Патникот имал сериозни здравствени проблеми, а Урсула му дала прва помош, објави денеска „Билд“.

    Фон дер Лејен, која по професија е лекар, одговорила на повикот на екипажот на авионот, кој вообичаено во вакви ситуации прашува дали некој од патниците може да му помогне на лице на кое му се појавиле сериозни здравствени проблеми.

    Таа продолжила да пружа прва помош додека швајцарскиот авион приоритетно не слетал во Брисел, каде што лекар од Итната помош го презел пациентот.

    Портпаролката на ЕУ за „Билд“ потврди дека претседателката на Европската комисија му пружила прва помош на патник на кој му се слошило во авионот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img