More

    Урсула фон дер Лајен: Северна Македонија успешно се движи напред по европскиот пат и не смее да се откаже од просперитетна иднинa

    spot_img

    Северна Македонија успешно се движи напред по европскиот пат и не смее да се откаже од просперитетна иднина – нагласи претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, денеска на средба со претставници на македонскиот државен врв во Скопје, соопшти владината служба за информирање.

    На средбата во Владата, покрај премиерот Димитар Ковачевски, присуствуваа и вицепремиерите Бојан Маричиќ и Артан Груби, како и министрите Бујар Османи, Благој Бочварски, Каја Шукова и Азир Алиу.

    „Претседателката Фон Дер Лајен посочи дека европскиот народ многу позитивно гледа на Северна Македонија и дека Унијата внимателно го следи патот на земјата како и одлучноста за членство во ЕУ.

    Фон дер Лајен на средбата со Ковачевски потенцираше дека Северна Македонија направи многу на патот кон ЕУ и заслужува членство и оттука нејзината лична силна поддршка и соработка со Премиерот и Владата, кои носат одлучни политики и не отстапуваат од евроинтеграциите на Северна Македонија.

    На средбата беше разговарано за процесот на скрининг, кој се одвива добро и е во крајна фаза, за инвестициската поддршка на Европската Унија во нашата земја како и за актуелните политички предвизици во државата.

    Уставните измени беа оценети како процес кој не е едноставен, но кој понатаму ќе овозможи непречен пат кон членството во ЕУ. Земјата брзо напредува посебно во изминативе неколку години, за што претседателката на Европската комисија, Фон дер Лајен, посочи дека е одличен индикатор за што поскоро членство на Северна Македонија во ЕУ.

    Што се однесува до Планот за раст за Западен Балкан, беше истакнато дека тој План сигнализира позитивна иднина за Северна Македонија, ќе доведе до нови економски можности за земјата и е наменет да обезбеди дополнителен поттик за евроинтеграциите на Северна Македонија и земјите од Западен Балкан“ – се вели во соопштението од Владата.

    Премиерот Ковачевски на состанокот истакнал дека треба да се искористи моментот, а Македонија, со веќе 50 отсто усогласено законодавство со ЕУ, има најголем успех на доближување со европското законодавство, од сите земји во регионот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img