More

    Урсула фон дер Лајен ни доаѓа на гости

    spot_img

    Поради посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ќе донесе последици за сообраќајот во главниот град. Се очекува улиците на Скопје да бидат прополни со возила, поради засилените мерки на безбедност.

    Припадниците на полицијата уште од раните утрински часови може да се забележат на улиците низ центарот на Скопје.

    Посетата на Урсула фон дер Лајен на Скопје, која дојде да одржи официјални состаноци со владини претставници, ги поттикна властите да преземат обемни безбедносни мерки. Дел од улиците ќе бидат целосно затворени, а други пренасочени, со што се очекува да се создадат долги колони возила низ градските булевари.

    Дополнително, јавниот превоз ќе биде значително забавен, што дополнително ги отежна плановите на оние кои се потпираат на автобусите за своето секојдневно патување.

    Од Владата и од Кабинетот на претседателката Силјановска Давкова испратија информации до медиумите за тоа како ќе се одвива посетата на претседателката на Европската комисија во Скопје.

    Прво се очекува Фон дер Лајен во 11:20 часот да биде пречекана од премиерот Христијан Мицкоски на платото пред владата. Десет минути подоцна ќе се одржи тет-а-тет средба помеѓу премиерот Мицкоски и Урсула фон дер Лајен на која ќе дискутираат за клучните политички и економски прашања што се важни за односите меѓу Северна Македонија и Европската Унија.

    Од 11:50 часот е планирана билатерална средба на делегациите: По тет-а-тет средбата, двете делегации ќе одржат билатерална средба во просториите на Владата, каде ќе се разговара за регионалната стабилност и соработката со ЕУ.

    За од 12:40 е планирана заедничка прес-конференција на премиерот Мицкоски и претседателката на Европската комисија во Медија-центарот на Владата, каде ќе ги информираат медиумите за исходите од нивните разговори.

    Од 13:00 по состаноците со Владата, Урсула фон дер Лајен ќе се сретне со претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, во Вила Водно.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img