More

    Урсула фон дер Лајен денеска ќе претстави предлози кои би го промениле начинот на кој ЕУ ги прима новите членки

    spot_img

    Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска ќе претстави предлози кои би го промениле начинот на кој ЕУ ги прима новите членки. Наместо сегашниот пристап „сѐ или ништо“, Брисел сака постепено да ги ублажи патот на Западен Балкан, Украина и Молдавија, а евентуално и на Босна и Херцеговина во ЕУ, пишува „Политико“.

    Овој план, ако биде усвоен, ќе им овозможи на земјите во чекалната на ЕУ да искористат некои придобивки од членството, наместо да чекаат со години или децении додека ги преземат потребните реформи. Брисел предлага на земјите-пристапнички постепено да им се дозволи да се приклучат на единствениот пазар – што е извлечено од предлогот на Франција, Германија и Португалија.

    Во овој план една од точките е и укинување на ветото – со заштитни мерки: повеќето лидери на ЕУ веќе предупредија дека Унијата со 30+ членки ќе биде уште потешко да се управува. Брисел предлага да се оддалечи од барањето за едногласност (што ги заглавува одлуките за надворешната и даночната политика) за да се избегнат идни ќор-сокаци. Документот наведува квалификувано мнозинство „со соодветни и пропорционални заштитни мерки за да се приспособат на таквите стратешки национални интереси“.

    Комисијата смета дека исфрлувањето на едногласноста од некои одлуки не бара промена на договорот на ЕУ, со оглед на тоа дека патеката е веќе запишана во тековните договори кои им дозволуваат на земјите да ги променат правилата за гласање (преку едногласно гласање).

    27-те европски комесари треба да го поддржат документот на денешниот состанок на Колеџот. Некои главни градови на ЕУ беа нервозни поради документот, бидејќи не сакаа да се зборува многу за проширувањето пред изборите за ЕУ во јуни.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img