More

    Урологот Шабани очекува листата на чекање да се зголемува

    spot_img

    Од средата е почнато со помали интервенции кои траат пократко и засега не е забележан никаков проблем во смисла со будење и постоперативен третман на пациентите, изјави хирургот уролог Башким Шабани во врска со проблемот со компримираниот воздух и кислородот што ги затвори хируршките сали на клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

    Во интервју за „Топ тема“ на ТВ Телма д-р Шабани рече дека засега се наоѓа привремено решение, но тоа не е трајно.

    – По три недели се враќаме во некаква нормала, од средата почнавме со неколку хируршки интервенции, ќе видиме како ќе биде понатаму – рече Шабани.

    Според него, листата на чекање ќе се зголемува и поради претстојните годишни одмори.

    – На листата на чекање моментно има околу 50-60 пациенти. Јас како хирург имам три-четири зафати, цела Урологија конкретно има околу 40 зафати неделно… Здравствениот систем во Македонија, за жал, е централизиран и најголемиот дел од хируршките интервенции се прават во Скопје – истакна Шабани.

    Тој додаде дека во моментот не може да се направи план како да се решава листата на чекање, бидејќи за техничкиот проблем со работа на салите е најдено „некое привремено решение“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img