More

    Уредникот на таблоидот кој го објави лажното интервју со Шумахер доби отказ

    spot_img

    Главниот уредник на германскиот таблоид кој објави лажно интервју создадено со помош на вештачка интелигенција со поранешниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, во петокот беше разрешен од медиумската групација Функе.

    Фанке, кој го издава списанието, му се извини и на семејството Шумахер.

    „Таа невкусна и погрешна статија никогаш не требаше да се појави. Во никој случај не ги исполнува стандардите на новинарството што ние – и нашите читатели – ги очекуваме од издавач како што е Funke“, рече Бјанка Полман, директорка на магазинот Funke.

    Ен Хофман, главната уредничка на магазинот Die Aktuelle „од денес е ослободена од должноста“, се вели во соопштението на Функе. Таа ја надгледуваше работата на списанието од 2009 година.

    Сторијата објавена оваа недела во Die Aktuelle предизвика бурни реакции во германскиот медиумски свет и дебата за опасностите од вештачката интелигенција.

    На насловната страница на магазинот е фотографијата на Шумахер, со наслов: „Михаел Шумахер: Првото интервју!“

    Помалиот наслов подолу гласи: „Звучи измамливо реално“.

    Списанието јасно стави до знаење дека таблоидот пишува за лажно интервју генерирано од веб-страница која користела алатки за вештачка интелигенција.

    Повеќето фанови би знаеле дека тврдењата во интервјуто се целосно измислени, бидејќи Шумахер живее целосно повлечен живот откако доживеа тешка повреда на мозокот на скијање во 2013 година.

    Несреќата го оставила со тешки долгорочни здравствени последици. Од несреќата тој не е виден во јавноста.

    „Интервју“ погрешно сугерираше дека Шумахер (54) открил детали за неговото закрепнување.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img