Уредничката на „Раша тудеј“ ги повикува Русите да помогнат во кризата со муницијата

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Маргарита Симонјан, главна уредничка на руската телевизија „Раша тудеј“ и еден од водечките провладини пропагандисти, изјави дека Русија има проблем со муницијата и ги повика Русите барем по два часа дневно да работат доброволно на производство на муниција.

Симонјан ова го изјави во неодамна емитувано ток-шоу на руската државна телевизија.

– Недостигот од муниција несомнено постои. Не секаде, но постои. Ова не треба да се случува. Треба да има доволно муниција за сите – и за Вагнерците и за редовната војска, за сите. Треба да има и вишок муниција, за да не мора воопшто да размислуваат за тоа. Русија и СССР се соочуваат со овој проблем во секоја војна – рече уредничката на „Раша тудеј“.

Таа даде и свој предлог како да се реши недостигот со муниција.

– Ова не треба да се случува. Нашите момци ги ризикуваат своите животи секој ден, а ние седиме овде дома. Ако нашата индустрија не може да се справи со овој проблем, ајде да се собереме. Прашајте некого, нели сите сме подготвени? Дојдете да помогнете два часа после работа – рече таа.

Share This Article