More

    Ураганот Габриел го загрозува најголемиот град во Нов Зеланд

    spot_img

    Жителите на најголемиот град во Нов Зеланд, Окленд, и околните области се предупредени да се подготват за понатамошни интензивни врнежи, поплави и екстремно силни ветрови, бидејќи ураганот Габриел се приближува до брегот на островската држава.Ураганот моментално се наоѓа на околу 250 километри северозападно од Нов Зеланд, а синоптичарите предвидуваат дека ќе се приближи до источниот брег во следните 24 часа.

    „За жал, очекуваме ураганот Габриел да направи поголема штета пред работите да почнат да се подобруваат“, рече заменичката на кризниот штаб на Окленд, Рејчел Келехер во понеделникот.

    Овој ураган е второто значајно временско нарушување што го погоди Окленд и горниот дел на Северниот остров за само неколку недели. Во јануари, обилни дождови паднаа во и околу Окленд, предизвикувајќи поплави во кои загинаа четири лица.

    Во понеделникот, многу училишта и владини институции во Окленд и на други места на Северниот Остров беа затворени, а жителите беа замолени да не патуваат. Во Окленд и во најмалку пет други региони е прогласена тревога. Околу 46.000 домаќинства се без струја.

    Јавниот превоз е нередовен, а траектите, автобусите и возовите сообраќаат со намалени размери. Новозеландската авиокомпанија откажа 509 летови и најави дека авионите повторно ќе полетаат во вторник, кога се очекува смирување на времето.

    Новозеландскиот премиер Крис Хипкинс во понеделникот објави дека околу 7,25 милиони американски долари ќе бидат потрошени за поддршка на народните кујни и другите погодени од поплавите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img