Управниот суд одби две жалби од Европскиот фронт

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На избирачкото место 1194 ќе се прегласува откако Управниот суд денеска ја одби како неоснована жалбата на коалицијата предводена од ДУИ, Европски фронт.

„Тужбата на тужителот коалиција Европски фронт предводена од ДУИ за резултатите од гласањето по листите на кандидат за избор на пратеници на Собранието на Република Северна Македонија за избирачко место 1194 Општина Крушево, се одбива како неоснована. Решението на ДИК за резултатите од гласањето по листите на кандидат за избор на пратеници на Собранието на Република Северна Македонија за избирачко место 1194 Општина Крушево, се потврдува“ се наведува во пресудата.

Управниот суд денеска ја одби како неоснована  и тужбата од коалицијата Европски фронт на решението на Државната изборна комисија (ДИК) за прифаќање на приговорот од коалицијата „Твоја Македонија” за избирачкото место 1470 во Долнени на Парламентарните избори 2024.

Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024. За сите се оформени предмети и закажани во текот на денешниот ден.

Откако Државната изборна комисија усвои приговори од политичките партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ во петтата и од Коалицијата „Вреди“ во шестата изборна единица, од ДУИ поднесоа тужби на одлуките на ДИК.

Пред Управниот суд се наоѓаат уште 5 тужби поднесени од Европскиот фронт предводен од ДУИ и ако бидат одбиени тогаш на неколку избирачки места во општините Охрид, Крушево и Желино ќе се прегласува веќе в среда. преку политички договор на маса. Со политички договори и монструозен антидемократски план, зготвен во партиските штабови на ВМРО, СДСМ и Влен, се прави обид да се наруши волјата на граѓаните“ се наведува во соопштението на Европски фронт.

Share This Article