Управниот одбор на Банката на Русија (БР) одлучи да ја задржи референтната каматна стапка на 16% вторпат по ред.
Според Централната банка на Русија, инфлаторните притисоци во Русија постепено слабеат, но и понатаму се високи.
Според банката, домашната побарувачка продолжува значително да ги надминува можностите за проширување на производството на стоки и услуги, а затегнатоста на пазарот на труд повторно е зголемена.
Банката на Русија ја задржа и претходната прогноза за инфлацијата годинава и е убедена дека ќе се движи меѓу 4 и 4,5%.
Се смета дека намалувањето на инфлацијата во Русија на посакуваните 4% и нејзиното стабилизирање на тоа ниво подразбира подолг период на рестриктивна монетарна политика во земјата.