Управен суд со пресуда за незаконско назначување на детективот Алексов на чело на МКЦ

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Решението на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска за именувањето на детективот Никола Алексов за привремен директор на Младинскиот културен центар (МКЦ ) е укинато, пресуди Управниот суд.

Одлуката доаѓа по тужбата што ја покренаа вработените кои тврдеа дека Алексов е незаконски поставен на директорската позицијата, објави РСЕ.

Алексов стана „привремен директор“ по само два дена работно искуство во онаа институција во која дојде од приватниот сектор каде што со дипломата за детектив се занимавал со обезбедување.

Тој на директорското столче во јануари годинава го замени Ванчо Богоев кој обвини дека е сменет затоа што не потклекнал на притисокот од генералниот секретар на Град Скопје да го потпише вработување на музичарот Арбен Шакири – Бени.

Никола Алексов на 19 јануари беше назначен за в.д. директор, а веќе следниот ден од Град Скопје беше најавена ревизија која траеше во наредните денови по што Арсовска откри дека минатата година во МКЦ биле склучени над 250 договори за ангажирање луѓе спротивно на закон, без да се потпишат договори за времено вработување или да се ангажираат преку Агенција за привремени вработувања. Најмногу од ангажираните биле членови на ВМРО-ДПМНЕ, а од вкупниот број договори дури 90 биле со шанкери, кои месечно добивале од 350 до 750 евра.

Share This Article