More

    УНИЦЕФ: Многу деца исчезнаа под урнатините во Либан

    spot_img

    Многу деца исчезнаа под урнатините или се на опасни патишта поради израелските воздушни напади во Либан, предупреди Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ) по најсмртоносниот ден во таа земја од војната во 2006 година.

    Повеќе деца беа убиени во Либан за еден ден отколку во текот на целата измината година, рече заменик-претставникот на УНИЦЕФ за Либан Ети Хигинс на брифингот во ОН.

    УНИЦЕФ доби извештаи дека многу либански деца „спиеле во возила и на патиштата“ во текот на ноќта помеѓу понеделник и вторник, бидејќи илјадници семејства биле раселени од своите домови во јужен Либан, додаде Хигинс, според агенцијата.

    Фондот за прв пат побара во понеделникот да се обезбедат мобилни мртовечки возила за посмртните останки на децата.

    „Ако се вратиме на конфликт како оној од мрачните денови од 2006 година, навистина се плашиме како УНИЦФ дека овој пат може да биде уште полошо за децата во Либан“, рече Хигинс, мислејќи на едномесечната војна меѓу Израел и екстремистичкиот Хезболах, пренесоа агенциите.

    Либанското Министерство за здравство соопшти претходно денеска дека бројот на жртвите од израелските воздушни напади врз Либан достигна 558, од кои 50 деца.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img