УНИЦЕФ: 90 отсто од децата во Газа немаат доволно храна за здрав раст и развој

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

УНИЦЕФ објави дека девет од десет деца во Газа немаат доволно хранливи материи од групите на храна кои ќе им обезбедат здрав раст и развој.

„Во Појасот Газа, повеќемесечните насилства и ограничувањата за испорака на хуманитарна помош ги урнаа системите за храна и здравје, што резултираше со катастрофални последици за децата и нивните семејства“, соопшти УНИЦЕФ. ;

Податоците собрани помеѓу декември 2023 и април 2024 година покажуваат дека девет од десет деца во Појасот Газа, кој е под израелска офанзива од октомври минатата година, страдаат од сериозен недостиг на храна, што значи дека преживуваат со не повеќе од две групи храна дневно, пренесува Ројтерс.

„Ова е доказ за страшното влијание што овој конфликт и намалувањето на помошта го имаат врз способноста на семејствата да ги задоволат потребите за храна на децата, како и брзината со која оваа ситуација ги става децата во ризик од неухранетост опасна по живот“, предупредува УНИЦЕФ.

Share This Article