Уништена е целата пратка на канцерогениот чипс со вкус на пиперка што бил испратен до компанија во Хрватска

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Уништена е целата пратка на канцерогениот чипс со вкус на пиперка што бил испратен до компанија во Хрватска, соопштија од Српската компанија – Chips Way – Чачак, која го произведува чипсот во кој беше утврдено присустви на канцерогената супстанција акриламид во повисоко ниво од дозволеното.

Компанијата во соопштението наведува дека информацијата за пратката на 33 палети ребраст чипс со вкус на пиперка во пакувања од 150 грама од својот клиент, компанијата Плодине, ја добила на 28 јули.

„Веднаш по добивањето на информацијата, контактиравме со клиентот, известувајќи го дека целата пратка ќе биде уништена како мерка на претпазливост и дека стока за замена ќе биде испратена што е можно поскоро. Редовната испорака веќе започна оваа недела. Имајте предвид дека овој производ е наменет исклучиво како бренд за хрватскиот пазар, за еден купувач“ – се наведува во соопштението.

Од српската компанија тврдат дека вршат редовни анализи на своите производи, како и дека континуирано се предмет на контрола на надлежните органи.

Европскиот систем за брзо предупредување (RASFF) претходно објави дека високо ниво на акриламид е пронајдено во чипсот со вкус на пиперка произведен во Србија, а хрватскиот државен инспекторат потврди дека тоа е чипсот од производителот Chips Way.

Share This Article