More

    Унијата „За нас“ бара институциите да приложат докази за инцидентот со бебето на Детска клиника

    spot_img

    Унијата на здруженија, предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри – „За нас“, за актуелните случувања на Детската клиника, по „тврдењата за нестручно однесување на медицинска сестра со новороденче“, денеска ги повика релевантните институции да приложат докази за разрешување на случајот.

    – Во нашата земја во моментов работат околу 9.200 медицински сестри. Оваа хумана фела одговорно и пожртвувано работи во јавниот здравствен систем и не заслужува да се фрла дамка на сестринската професија поради недокажани инциденти. Затоа од име на Унијата на медицински сестри, упатувам реакција и ја повикувам стручната комисија, јавно да се произнесе со факти и одговорноста да ја насочат кон конкретниот виновник – наведува во писмена изјава претседателката Гордана Бешлиовска.

    Министерот за здравство Арбен Таравари и директорот на Клиниката за детски болести во Скопје, Реџеп Мемеди пред два дена најавија дека ќе се формира комисија која ќе го истражува случајот со тримесечното бебе од Сарај за кое родителите тврдеа дека го повредила медицинска сестра од Детската клиника.

    Како што беше најавено  Комисијата денеска треба да одржи состанок и да ги разгледа сите аспекти и да донесе одлука.

    – Разговарано е со медицинската сестра, таа вели дека немало намерна повреда, ниту пак имало навреда од нејзина страна кон блиските на детето. Таа ќе даде и писмена изјава во врска со случајот – рече Мемеди.

    Како што појасни директорот, според медицинската сестра, повредата на десната рака на бебето е ненамерна и настанала при земање крв за анализи.

    Се очекува комисијата денеска да има состанок и како што е најавено, да ги разгледа сите аспекти и да донесе одлука согласно законските и етичките норми.

    Директорот на Детската клиника, Мемеди заедно со министерот за здравство Арбен Таравари го посетија семејството на бебето. Министерот на социјалните мрежи напиша дека доколку се потврдат наводите на блиските на бебето, медицинската сестра ќе биде соодветно санкционирана.

    Според изјавите на блиски на бебето, што беа презентирани во јавноста, по вербален конфликт, поради тоа што мајката не знаела да зборува добро македонски, следувало намерна повреда на детето од медицинската сестра, при интервенција земање крв.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img