Унгарија ќе гласа против прием на Косово

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто денеска изјави дека Унгарија нема да го поддржи членството на Косово во телата на Европска Унија додека не се постигне сеопфатен договор.

– Нашиот став е дека тоа ќе го загрози постигнувањето компромис, ако одредени европски формации го примат Косово пред да се постигне договор. И поради таа причина, Унгарија ќе гласа против членството на Косово во европските тела – истакна Сијарто на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ во Будимпешта.

Сијарто нагласи дека, кога станува збор за Косово, Унгарија е заинтересирана за постигнување решение засновано на „вистински и реален дијалог”.

– И затоа го прифативме раководството на силите на КФОР, бидејќи мислевме дека можеби на тој начин можеме да придонесеме за обезбедување на мирот. Сакаме да се постигне компромис што е можно поскоро, наведе Сијарто.

Share This Article