Унгарската влада повторно планира да ја воведе тананречената „златна виза“ наменета за инвеститори. Владата достави до парламентот предлог за нова програма за „златна виза“ како дел од нацрт-законот со кој се регулира имиграцијата на лица од трети земји во Унгарија.
Предлог-законот ја воведува категоријата „виза за гостин-инвеститор“, односно за луѓе кои доаѓаат во Унгарија и се поврзани со проекти кои имаат статус на „стратешки важна инвестиција“, пренесува Ројтерс.
„Добивањето на оваа виза би било предуслов за аплицирање за дозвола за престој, што ќе му овозможи на носителот на визата да остане во Унгарија 10 години“, се наведува во нацртот.
Инвеститор кој купува недвижен имот во Унгарија во вредност од најмалку 500.000 евра би можел да ја добие ознаката „стратешки важен проект“.
Новата програма беше воведена по укинувањето на „златната виза“ во 2017 година, кога Сириец, кој беше под американски санкции, доби статус на жител во Унгарија.