Ќерката на Здравко Чолиќ, 22-годишната Уна, често позира во провокативни изданија кои ги објавува на своите профили на социјалните мрежи, а сега повторно предизвикала лавина коментари со своите фотографии.
Уна периодов престојува на планина, а на своите следбеници покажала како се опушта во спа центарот.
Убавата Уна позирала во костим за капење кој совршено ги истакнувал нејзините облини, а врз него носела бањарка, која ја спуштила преку едното рамо.
Под објавата на Уна коментарите на стивнуваат:
„Девојко, грмиш“, „Аууу, каква си, Унаааа“, „Убавица“, „Прекрасна и природна“, „Убавице, внимавај да не изгориш“, биле само дел од комплиментите.
Инаку, Здравко со сопругата Александра ја има и 17-годишната ќерка Лара.
Пејачот неодамна зборуваше за ќерките Уна и Лара.
„Горд сум на моето мало семејство, малите девојчиња, сега девојки. Жена ми се грижи повеќе. Кога би било до мене, сè би им дозволил. Таа мене ме критикува, но тоа е така. Од друга страна, не можам да бидам премногу строг, тоа е некако тешко, но на моменти успевам малку да сум сериозен.
Генерално сум попустлив“, изјавил Чола за телевизија „Е“.
ФОТО: Инстаграм