Уметничкиот директор тврди дека не е исмевано делото на Леонардо Да Винчи

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

По скандалозниот перформанс на отворањето на Олимпијадата во Париз, во кој учесниците наводно ја прикажуваа библиската сцена од Леонардо да Винчи во неговото сликарско дело „Тајната вечера“, во пародична верзија, се јавија уметнички критичари и други експерти кои тврдат дека всушност не станува збор за Тајната вечера од библиската сцена, туку за „Пир на боговите“, сцена која потекнува од грчката митологија.

Референцата на церемонијата на отворањето не е „Последната вечера“ од Да Винчи, туку „Пир на боговите“ (1635) на Јан Харменш ван Бијлерт – олимписките богови ја слават свадбата на Тетис и на Пелеј, со Аполон крунисан во центарот на масата (не Исус Христос) и Дионис во преден план, пишува францускиот портал Мјузе мања.

Настапот за време на церемонијата наиде на критики од црковните водачи и од конзервативните политичари за наводната сличност со прикажувањето на библиската сцена, при што некои го нарекуваат „исмејување“ на христијанството.

Уметничкиот директор на церемонијата, Томас Жоли, на дневната прес-конференција на Игрите во саботата рече дека настанот не требало да „биде субверзивен, да ги шокира луѓето или да ги исмева луѓето“, пишува Њујорк тајмс.

– Ако луѓето некако се навредиле, се разбира, навистина ни е жал – рече Ен Декамп, портпаролката на „Париз 2024 година“, на дневната прес-конференција во неделата.

Жоли во неделата рече дека не бил инспириран од „Тајната вечера“.

– Дионис е тој што пристигнува на масата. Дионис е грчкиот бог на веселбите и на виното и е татко на Секвана, божицата на реката Сена – рече тој во телевизиско интервју.

Share This Article