Ултарадесничарот и антиисламистички активист од Данска, Расмус Палудан денеска доби дозвола од шведската полиција утре да организира протест пред Турската амбасада во Стокхолм

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Ултарадесничарот и антиисламистички активист од Данска, Расмус Палудан денеска доби дозвола од шведската полиција утре да организира протест пред Турската амбасада во Стокхолм.

Палудан за време на протестот планира да го запали Куранот. Во исто време најавени се демонстрации на протурски и прокурдски групи.

Не му е првпат на Палудан да пали куран. На 3 мај минатата година пред најголемата џамија во Стокхолм тој се сними како пали листови од светата книга.

 

Шефот на шведската дипломатија Тобијас Билстром денеска изјави дека Шведска ја почитува слободата на говорот, но одби да коментира како протестот на Палудан, одобрен од полицијата, ќе влијае на кандидатурата на Шведска за НАТО.

Турција одбива да ги одобри кандидатурите на Шведска и Финска за членство во НАТО, барајќи од Стокхолм да ги сузбие курдските и другите групи кои Анкара ги смета за терористи. Шведска ја увери Турција дека нема да дозволи терористички групи на нејзина територија.

Но, прокурдските и анти-НАТО групи ги искомплицираа односите меѓу двете земји со организирање антитурски демонстрации. На минатонеделните протести пред градското собрание во Стокхолм беше обесена кукла со ликот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, што ја налути Владата во Анкара.

Палудан, кој има и шведско државјанство, веќе организираше слични протести во Данска и Шведска, од кои некои предизвикаа насилни контра-демонстрации.

Share This Article