More

    Украинците жестоки: Меѓународниот олимписки комитет промовира геноцид

    spot_img

    Украинското претседателство го обвини Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) дека е „промотор на војна и геноцид“ бидејќи размислува да им дозволи на руските спортисти да учествуваат на Олимпијадата во Париз во 2024 година под неутрално знаме.

    „МОК е промотор на војна, убиства и уништувања. МОК среќно гледа како Русија ја уништува Украина, а потоа и нуди на Русија платформа за промовирање на геноцидот врз Украинците“, напиша претседателскиот советник Михаило Подолиак на својот Твитер профил, конкретно насочен кон Томас Бах, претседателот на МОК.

    „Очигледно е дека парите со кои се купува олимписко лицемерие не мирисаат на украинска крв. Нели, господине Бах?“, додаде тој.

    Украина е под руски напад од февруари 2022 година, а официјален Киев бара на спортистите од Русија и Белорусија, сојузник на Кремљ, да им се забрани учество на Олимпијадата во Париз во 2024 година.

    Сепак. МОК во средата соопшти дека „размислува“ да им дозволи да учествуваат под неутрално знаме, додека Русите и Белорусите се забранети од повеќето меѓународни натпревари од почетокот на инвазијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img