More

    Украинците уништија два брода на Крим во напад со 10 ракети

    spot_img

    Одличен резултат од акцијата, пишува неименуван извор од Управата на украинското разузнавање (ХУР) за нападот на два брода на најважното пристаниште на Кримскиот полоустров. Дваесет и четири лица беа повредени во бродоградилштето кое беше нападнато 10 крстосувачки ракети и три брзи чамци.

    „Имаше информација дека се уништени голем десантен брод и подморница“, вели изворот.

    Веста ја потврди и руското Министерство за одбрана, кое соопшти декa се оштетени два брода кои целосно ќе бидат обновени, пишува РИА.

    „Два руски воени брода оштетени за време на нападот на украинските вооружени сили врз Севастопол ќе бидат целосно обновени“, вели руското МО.

    Се шпекулира дека едниот од погодените воени бродови е од типот „Ропуша“.

     

     

    Каналот „Вишеград24“ на Твитер пишува дека два големи руски бродови се уништени и дека Русите денеска имаат лош ден.

     

     

    Првиот човек на украинските воздухопловни сили, Микола Олешук, им честиташе на пилотите под негова команда, кои го извршија нападот, наведувајќи дека тоа е „одлична борбена работа“, сугерирајќи дека нападот го извршиле ракетите „Сторм шедоу“ или на нашки, „бура во сенка“.

    Овие француско-британски крстосувачки ракети се долги 5,1 метри, а широки 63 сантиметри, тешки 1,3 тони и можат да носат боева глава тешка до 450 килограми. Имаат низок дострел, а се лансираат од воздух.

    Сепак, изворот на Киев пост не прецизираше со што го нападнале Севастопол, велејќи:

    – Нека сфати сам непријателот што пропуштила неговата противвоздушна одбрана.

    Претходно, разговор од руски војник кој тврди дека Украинците планираат со 150.000 војници да си го вратат Крим беше пресретнат од украинското разузнавање. Информациите кои ги дава војникот не соодвествуваат со последните изјави на украинскиот претседател Володимир Зеленски кој изјави дека Русите би можеле да бидат принудени доброволно да си одат од Крим доколку Украинците во својата контраофанзива стигнат до административната граница.

    Пентагон е загрижен за украинската контраофанзива која многу бавно напредува и може да се најде „во калта“ пред есенските дождови и бури. Украинските трупи и тенкови се наоѓаат пред „линијата на Суровикин“ во регионот Запорожје, каде Русите поставија неколку редови утврдувања од т.н. змејски заби и мински полиња поврзани со тунели преку кои ќе биде предизвик да се помине.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img