More

    Украинците тврдат дека погодиле моќен авион на аеродром во Русија

    spot_img

    Документот од 67 страници, познат како „Рамковна директива за целосна одбрана“, беше објавен оваа недела и опишува целосна трансформација на секојдневниот живот на германските граѓани во случај на војна, пишува Си-Ен-Ен.

    Во документот се наведува дека, во случај на војна, регрутирањето ќе биде вратено, квалификуваните работници на возраст над 18 години би можеле да работат на одредени работни места, како што се оние во пекари и пошти, и може да им биде забрането да дадат отказ. Доктори, психолози, медицински сестри и ветеринари, според документот, би работеле во воените и цивилните служби.

    Во случај на недостиг на храна, Владата ќе создаде резерви на храна за да им обезбеди на граѓаните „еден топол оброк на ден“.

    Резервите би вклучувале храна како ориз, мешунки и кондензирано млеко. Други клучни ресурси како што се бензинот и нафтата, исто така, би можеле да се рационализираат со купони ако станат оскудни.

    Се наведуваат и мерки за цивилна заштита, вклучително и претворање на подземните станици во импровизирани бункери и подготовка на болници за прилив на пациенти. Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фазер рече дека е неопходно земјата подобро да се вооружи со оглед на руската агресија.

    – Руската агресија целосно ја промени безбедносната ситуација во Европа, пред се меѓу нашите источни партнери во ЕУ и НАТО, како што се балтичките земји, но и поради хибридните закани како сајбер напади, шпионажа и дезинформации – рече таа и додаде:

    – Покрај сите заштитни мерки на нашите безбедносни органи и военото одвраќање и одбрана, мора дополнително да ја зајакнеме цивилната заштита.

    Во документот се предупредува дека германските болници мора да се подготват за лекување на голем број пациенти во подолг период. Како и тоа што, во случај да избие војна, германското население не може да смета на „помошта организирана од државата“ што треба веднаш да биде обезбедена, поради можноста „штети да настанат истовремено на голем број локации“.

    Затоа, како што се наведува во документот, граѓаните мора да бидат подготвени прво да си помогнат самите себеси, како и да им помагаат на своите соседи каде што е можно.

    Подрумите, подземните паркинзи и станиците на метрото треба да се користат како привремени бункери, се наведува во документот.

    Германските радиодифузери и дигиталните медиуми ќе бидат обврзани со закон веднаш да споделуваат важни владини информации. Властите ќе имаат овластување да евакуираат цивили во одредени области, но не треба да ги раздвојуваат семејствата.

    Иако германските метеоролошки служби се очекува да продолжат во случај на вонредна состојба, властите би можеле да го забранат или ограничат објавувањето на прогнозите.
    Ажурираните воени планови на Германија доаѓаат по заканите на рускиот претсеател Владимир Путин за европската безбедност.

    Војната во Украина трае веќе втора година, не се гледа крајот, а расте стравот дека конфликтот може да се прошири и во НАТО. Германски „Шпигел“ објави изјава на министерот за одбрана Борис Писториус:

    – Мораме да бидеме подготвени за војна до 2029 година. Не смееме да веруваме дека Путин ќе застане на украинските граници.

    Во среда Писториус треба да го претстави својот предлог за модел на задолжителен воен рок во Германија.

    Задолжителната воена служба во земјата беше укината во 2011 година, а нејзиното повторно воведување во Германија предизвика контроверзии. Имено, германското Министерство за одбрана планира значително да го зајакне резервниот состав на воените сили до 60.000 мажи и жени, изјави висок претставник на резервниот состав.

    – Убеден сум дека мораме целосно да ги приспособиме резервите на тековните безбедносни предизвици со цел соодветно да го поддржиме Бундесверот во исполнувањето на задачите на националната и сојузничката (НАТО) одбрана – изјвави генерал-полковник Андреас Хоуп, заменик генерален инспектор и комесар за резерва. работи.

    Покрај тоа, дел од британската влада изрази потреба да биде подготвена за војна.

    Поранешниот британски министер за одбрана Бен Валас во февруари изјави дека „доаѓа војна“ во Британија до крајот на деценијата.

    Во последниве недели, Русија издаде некои од најстрогите предупредувања до Западот, откако некои украински сојузници му дозволија на Киев да го користи своето оружје за да нападне ограничени цели на руска територија.

    Во средата, Путин го опиша обезбедувањето западно оружје како „многу сериозен и опасен чекор“. Рускиот лидер особено укажа на рушењето на односите на Русија со Германија.

    Тој тврди дека појавата на германски тенкови во Украина резултирала со „морален, етички шок“, бидејќи „односот кон Германија во руското општество отсекогаш бил многу добар, многу добар“.

    – Сега, кога велат дека ќе има уште неколку проектили што ќе погодат цели на руска територија, тоа, се разбира, на крајот ги уништува руско-германските односи – додаде тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img