Украина го избра својот претставник на Евровизија 2023 – Творчи ќе се натпреварува во името на оваа земја во Ливерпул со песната „Heart of Steel”.
Оваа година натпреварот се одржа во засолниште во метро станицата во Киев, а се натпреваруваа десет песни.
Творчи е електронско дуо основано во 2018 година од Ендрју Хуцулиак и Џефери Аугуст Кени.
Тие веќе учествуваа на националниот избор за Евровизија 2020 година со песната „Bonfire” и го освоија четвртото место.
Украина годинава го освои првото место на Евровизија, но поради војната натпреварот ќе се одржи следната година во Ливерпул.