Украинските сили се повлекоа од источниот град Соледар во областа Доњецк, соопшти денеска портпаролот на војската, Серхиј Черавати.
– Нашите сили ја исполнија својата главна задача: да не му дозволат на непријателот систематски пробив во правец на Доњецк – рече Черавати, а пренесе украинската телевизија.
Тој рече дека повлекувањето на нивните сили било „добро контролирано, планирано, дисциплинирано и мирно“.
– Во Соледар, на непријателот му нанесовме повеќе загуби отколку што претрпеа за време на двете чеченски војни – рече тој.
Ројтерс забележува дека ова е првпат украинската страна да потврди дека Русите имаат контрола над Соледар.
Москва објави дека ја презела контролата врз рударскиот град Соледар пред повеќе од една недела.