Пробивањето на украинската контраофанзива стигнало до линијата која се нарекува „линија на Суровикин“, а којашто според анализа на познатиот Институт за истражување на војната ИСВ ќе биде предизвик да се пробие бидејќи околу-наоколу се распоредени т.н. змејски заби – мали бетонски пирамиди преку кои тенковите тешко можат да згазат.
Плусинфо веќе пишуваше за можниот застој на украинската офанзива и поради претстојните есеснки дождови кои ќе ја направат почвата каллива и непроодна за тенковите, но и поради бројните мински полиња поврзани со ровови распоредени од страна на Русите. Тоа го загрижува Вашингтон, но не и Дмитро Кулеба, првиот украински дипломат кој за Си-Ен-Ен рече дека треба да се молчи во врска со контраофанзивата.
Извештајот на ИСВ се осврнува на „змејските заби“ кои, според мапата се чини дека во моментот ги опколуваат украинските позиции. Тие се втората линија на одбрана која треба да биде надмината. Јуриј Сак, советник на украинскиот министер за одбрана, за британски „Опсервер“ рече дека офанзивата се наоѓа меѓу првата и втората линија.
Портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби, не го дели тој оптимизам велејќи дека украинските сили „имале одреден успех против руската втора линија“.
Аналитичарот Џорџ Барос од ИСВ за линијата на Суровикин вели:
– Можеби се подготвуваат да ја прекршат линијата на Суровикин во Вербове, иако земјските заби и рововите сè уште не се демонтирани за да се дозволи тешката опрема да помине.
– Геолокацираните снимки објавени на 4 септември покажуваат дека украинските сили напреднале на позициите источно од руските противтенковски ровови и змејските заби кои се дел од трислојната одбрана веднаш западно од Вербове. Геолокациските слики објавени на 4 септември покажуваат дека украинската лесна пешадија исто така напредуваше понатаму по линијата што ги подготви руските одбранбени позиции долж патот што оди северозападно до Вербове – додава тој.
На мапата се гледа дека Украинците и досега поминале низ одредени слоеви на „змејски заби“. Сепак, овојпат пред нив има двоен ред од „забите“, како што може да се види на мапата.
Од друга страна, руското Министерство за одбрана, тврди дека руските сили „ја подобриле својата тактичка ситуација“ во близина на Роботин и Вербове на 4 септември.
Институтот ИСВ тврди дека не видел докази за руски напредок во областа. Според анализата, Русите ги концентрираат силите во Роботин и на рутата 21 километар јужно, кај железничкиот центар Токмак.
Неизвесно е како ќе изгледа фронтот до крајот на годината и на кој начин ќе продолжи западната поддршка за украинските сили.
Рускиот генерал Сергеј Суровикин, познат и како генерал „Армагедон“ е честа тема во медиумите. Откако се прошири шпекулацијата дека Кремљ стои зад убиството на лидерот на платениците „Вагнер“, Евгениј Пригожин, се шпекулираше дека и Суровикин го чека слична судбина, како дел од поголема чистка.
Во јуни, Москва Тајмс објави дека Суровиин бил уапсен ден по бунтот на Пригожин, поради наводно помагање на истиот.