Украинците објавија вознемирувачки фотографии од Краматорск

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Над 30 лица загинаа, а повеќе од 100 се повредени во денешниот ракетен напад врз железничка станица во Краматорск во источна Украина , изјави шефот на националната железничка компанија.

– Повеќе од 30 луѓе загинаа, а над 100 се повредени во ракетниот напад врз железничката станица Краматорск. Ова е намерен напад врз инфраструктура на железницата и жителите на Краматорск – објавено е на социјалните мрежи.

Украинското Министерство за одбрана, потврдувајќи ги бројките на загинатите и повредените, соопшти дека ракетните напади биле изведени додека се одвивала евакуацијата на локалните жители.

Руското Министерство за одбрана, пак, соопшти дека не извршиле напад врз железничка станица во источна Украина.

– Сите изјави на претставниците на националистичкиот режим во Киев за „ракетниот напад“ наводно извршен од Русија на 8 април на железничката станица во градот Краматорск се провокација и се апсолутно невистинити. Потенцираме дека тактички проектили Точка-У, чии делови беа пронајдени во близина на железничката станица Краматорск и објавени од очевидци, ги користат само украинските вооружени сили, додаваат од Министерството- се вели во соопштението на Министерството објавено на Телеграм.

– На 14 март 2022 година, дивизија на 19-та одделна ракетна бригада на Вооружените сили на Украина го нападна центарот на Доњецк со слична ракета Точка-У, при што загинаа 17 лица на лице место, а беа повредени уште 36 цивили – тврди руското Министерство за одбрана.

Share This Article