Официјалниот профил на Украинските сили за специјални операции (СОФ) на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) покажа видео од нивните акции во руската област Курск.
На видеата се гледаат напади врз станбени згради во регионот Курск, што дополнително укажува на насилство и ескалација на конфликтот во пограничните области.
„Заседите, упадите, прилагодувањето на артилерискиот оган, како и фаќањето воени заробеници е секојдневна работа на нашите воини“, пишува во објавата што ја придружува видеото.
Се вели дека многу од прикажаните борци кои учествувале во овие напади веќе загинале за време на борбите, кои се дел од тековниот конфликт во регионот.