More

    Украинците градат „ѕид на смртта“ по руски терк

    spot_img

    Украинците поставуваат мали бетонски пирамиди придружени од ровови долж фронтот налик на познатите „змејски заби“ налик на оние кои ги користи руската страна. Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека украинскиот премиер Денис Шмихал известил за „темпото на изградба на нови одбранбени линии“ кои ќе поминат приближно 1.000 километри преку три одбранбени линии.

    Овој украински пандан на руската „линија на Суровикин“ треба да биде сочинет од 42.000 „змејски заби“ и да биде „ѕид на смртта“. Украинското министерство за одбрана објави слики од „забите“ во кои има и противтенковски препреки, подземни бункери и ровои. Русите ја користеа оваа тактика на фронтот и зад „забите “ ставаа мински полиња и ровови правејќи го поминувањето на украински тенкови невозможно.

    Зеленски вели дека темпото на изградба засега е добро, а зајакнувањето на одбранбените позиции на Киев „е огромна задача“. Тој смета дека поставувањето на „забите“ ќе биде завршено предвреме.

    „Волстрит џурнал“ минатата недела објави дека Украина работи на зајакнување на своите одбранбени позиции во очекување на руска офанзива на пролет, повикувајќи се и на западните и на украинските официјални лица.

    Британското Министерство за одбрана во новиот разузнавачки извештај во неделата потврди дека Украина брза со изградба на „забите“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img