Украинците го погодија единствениот мост во Херсон

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Од повеќе извори е наведено дека руските сили, потпомогнати од единиците од милицијата на самопрогласената Народна република Доњецк (ДНР), започнале со офанзива на утврдените места во околината на градот Авдивка на истокот од Украина.

Засега нема потврда за офанзивата од официјалните лица и на двете страни, но постојано пристигнуваат информации, видеа и фотографии, од кои може да се заклучи дека во моментов се водат жестоки борби на повеќе локации во околината на Авдивка.

 

 

Инаку, претставниците на ДНР повеќе пати истакнаа дека освојувањето на овој град за нив е од непроценлива важност, бидејќи како што велат тие, токму од Авдивка се испалува најголемиот дел од гранатите наменети за Доњецк.

За Авдивка се верува дека е најдобро утврдениот град во регионот Донбас и многумина предвидуваат големи и исрцпувачки битки за војските на двете страни од конфликтот.

Инаку, потврдено е дека украинските сили успеаја со една граната да го погодат единствениот мост на реката Дњепар, изграден во областа Херсон, која уште од февруари е под руска контрола. Фотографиите од мостот докажуваат дека мостот е навистина погодон, но не е срушен како што тоа се тврдеше во дел од претходните извештаи.

Share This Article