More

    Украинци ќе се сместуваат и во домовите на руските богаташи?

    spot_img

    Секој Британец кој ќе им понуди покрив над глава на украински бегалци ќе добива 350 фунти (420 евра) месечно од државата, што е начин на кој Владата во Лондон сака да им се заблагодари на граѓаните за тој гест.

    Според програмата „Домови за Украина“, граѓаните кои ќе обезбедат бесплатно сместување во период од најмалку шест месеци ќе добиваат 420 евра месечно, без разлика колку бегалци ќе примат, јавија локалните медиуми.

    Поединци, добротворни организации, заедници и компании ќе имаат право да го доведат на безбедно секој што бега од рускиот напад врз Украина.

    Бегалците кои ќе дојдат во Британија ќе можат да останат три години и ќе можат да работат и да имаат услуги од државата.

    Се верува дека десетици илјади луѓе би можеле да најдат засолниште во Британија како дел од новата програма.

    Домовите на руските олигарси во Велика Британија против кои се воведени санкции би можеле да се користат за сместување бегалци од војната во Украина, изјави британски министер.

    Во изјава за Би-Би-Си, државниот секретар за домување и заедници, Мајкл Гоув, рече дека сака да истражи опција која ќе им дозволи на британските власти да ги користат домовите и имотите на санкционирани поединци, сè додека тие се санкционирани, за хуманитарни и други цели.

    – Постои прилично висока законска пречка што треба да се помине и не зборуваме за трајна конфискација. Но, ние велиме: „Ти си санкциониран, го поддржуваш Путин, овој дом е тука, немаш право да го користиш или да профитираш од него … Ако можеме да го користиме за да им помогнеме на другите, ајде да го направиме тоа – рече Гоув.

    Тој додаде дека британската Влада сака да ги зајакне сегашните мерки кои ги спречуваат олигарсите само да ги продаваат своите домови во Велика Британија, а не и да живеат во нив.

    – Ако вашето богатство и вашето влијание се користат со цел да се поддржи или да се обезбеди утеха на Путин, со оглед на тоа што тој го прави, тогаш се плашам дека треба да ги сносите последиците – подвлече Гоув.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img