Украинските воздухопловни сили денеска соопштија дека уништиле брод на руската морнарица во Црното Море за кој се сомнева дека носел ирански беспилотни летала користени од Москва во војната во Украина. Утрово и руските сили потврдија дека имало украински напад на Крим во кој загинало едно лице, а се ранети упте 3 лица. Оштетени се и 6 згради.
„Големиот десантен брод Новочеркаск“ е уништен, објави военото воздухопловство на Телеграм.
Се верува дека бродот превезувал беспилотни летала Шахед од иранско производство, кои Русија интензивно ги користи во нападите врз Украина.
Командантот на воздухопловните сили Никола Олешук објави видео на кое се гледа експлозија во руската поморска база Феодосија на Крим.
Утрово и руските сили потврдија дека имало украински напад на Крим во кој загинало едно лице, а се ранети уште 3 лица. Оштетени се и 6 згради.
Според Министерството за одбрана, украинските вооружени сили синоќа ја нападнале Феодосија со проектили управувани од воздух. Оштетен е големиот десантен брод Новочеркаск. Во воздушната битка беа уништени два непријателски авиони Су-24.
– Како резултат на нападот избувнал пожар, кој е локализиран, а пристаништето е опколено – изјави шефот на Крим, Сергеј Аксјонов.