Украинските војници сè почесто практикуваат да остават од својата семена течност во клиниките пред да одат да војуваат. Трендот започнал уште во 2014 година кога се разгори војната на Крим, пренесува Еуроњуз.
Поради честите прекини на струја во Киев, клиниките се напојуваат со автономни батерии за да ја задржат температурата од -196 степени целзиусови во своите фрижидери за сперма. Една од клиниките, ИВМЕД, решила да не наплаќаа за чувањето, т.е. криопрезервација на спермата. Сепак, за ин витро зачнување услугата останува да чини меѓу 800 и 3.500 долари.
Лабораторијата ИВМЕД во Киев собрала сперма од околу 150 украински војници. Meѓу еден од овие 150 парови се Виталиј Хрониук и неговата сопруга Ана Сокуренко. Хрониук сфатил дека сака да „остави нешто зад себе“ кога се молел за време на артилериско гранатирање.
– Во овој момент мислиш, по ѓаволите, толку сакаш детето да го има, да остане и да биде сакано. Остави нешто зад себе – рече тој.
Кога првпат ѝ кажал на жена си дека сака да ја зачува својата сперма, таа не прифатила веднаш. Ана вели дека е многу болно да се мисли како постои можноста Хрониук да не се врати. Но, следниот ден откако тој ѝ ја предложил идејата, таа рекла да.
Клиниката ИВМЕД складирала 4.500 милилитри сперма во течен азот, акумулирана во последните десет години од нејзиното отворање.
– Можете да го затрудните половина Киев со само една доза – рече Халина Стрелко, лекар за плодност и шефица на клиниката.