Во 13 часот средноевропско време истече рокот за ултиматумот што Русија им го постави на преостанатите украински бранители на Мариупол.
Русите претходно побараа од преостанатите бранители на Мариупол да го положат оружјето.
Засега нема знаци дека Украинците кои го бранат Мариупол се предале.
Украински маринци и членови на Азовскиот полк се наоѓаат во кругот на фабриката за челик „Азовстал“ што е опкружена со многубројни руски трупи.
Командантот на украинските маринци во „Азовстал“ изутринава преку видео-порака изјави дека се прашање на „денови или часови“ колку што би можеле да издржат бранителите.
– Ова е нашето последно обраќање до светот, можеби наше последно обраќање воопшто – рече мајорот Сергиј Волина нагласувајќи дека неговите сили нема да се предадат.
Тој побара меѓународна поддршка, додавајќи дека во фабриката за челик има околу 500 ранети војници и стотици жени и деца