Шест лица загинаа во руското гранатирање на Торечко, град во регионот на Донбас во источна Украина, соопшти украинската државна служба за вонредни состојби.
„Една зграда е уништена од граната во Торечко, која беше нападната пред пладне. Спасувачите извлекле пет тела, се вели во соопштението на Службата објавено на Фејсбук заедно со слика од урнатините.
Како што се додава, од урнатините биле извлечени три лица, од кои едното починало во болница.