Михаило Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, реагираше откако рускиот претседател Владимир Путин најави дека денеска ќе започне делумна мобилизација, наведувајќи дека не блефира и дека ќе го заштити својот народ.
Подољак на Твитер напиша дека е 210-от ден од тридневната војна.
„Русите кои сакаа да ја уништат Украина добија: 1. Мобилизација, 2. Затворени граници и блокирање на сметките, 3. Затвор за дезертирање. Сè е според планот, навистина? Животот има одлична смисла за хумор“, се потсмева Подољак со одлуката на рускиот претседател Путин.
Да потсетиме, Путин утрово во своето обраќање до нацијата нареди делумна мобилизација, додека рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во говорот по него рече дека Русија може да мобилизира 300.000 луѓе.
Следеа реакции по таа одлука, во која најбрза беше Америка, а по неа Кина.