Украинските власти го евакуираат населението од Луганск

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Украинското Министерство за одбрана соопшти дека се очекува борбите да продолжат и дека руските сили ќе се обидат да влезат во Херсон.

„Вкупно 87 баталјонски тактички групи на противниците се вклучени во составот на воените задачи на територијата на Украина“, објави Министерството на Фејсбук.

Од украинското МО посочуваат дека Русите не запираат со гранатирање и ракетирање на клучните инфрструктурни објекти.

Украинската новинска агенција УНИАН објави дека граѓаните од областа Луганск биле повикани на итна евакуација, пренесува Си-Ен-Ен.

– Следната недела ќе биде тешка. Ова е можеби последна шанса да ве спасиме – рече Сергеј Гаидаи, локалниот гувернер.

Украина очекува жесток руски напад врз Луганск и Донбас, особено откако руските сили го напуштија северот на земјата.

Share This Article