More

    Украинскиот парламент денеска гласаше за разрешување на двајца високи функционери кои имаа клучни ресори за воената економија, вицепремиерот за инфраструктура и министерот за земјоделство

    spot_img

    Украинскиот парламент денеска гласаше за разрешување на двајца високи функционери кои имаа клучни ресори за воената економија, вицепремиерот за инфраструктура и министерот за земјоделство.

    Мнозинството од 272 пратеници гласаа за смена на вицепремиерот Олександар Кубраков, кој ја надгледуваше програмата за реконструкција и се залагаше за обновување на водните патишта на Црното Море за време на руската блокада.

    Претставниците ја прифатија и оставката на министерот за земјоделство Микола Солски, против кого се води истрага за наводна вмешаност во незаконско стекнување државно земјиште, но 44-годишникот ги негира обвинувањата.

    -Владата сега има пет празни министерски места – рече Олексеј Хончаренко, претставник од опозициската партија Европска солидарност.

    Во актуелната влада има повеќе од 20 министерски ресори. Со оглед на тоа што петгодишниот мандат на Зеленски завршува овој месец, а изборите не се закажани поради војната, некои политичари го повикаа наместо тоа да формира влада на национално единство.

    фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img