Најмалку 13 лица загинале денеска при гранатирање на пазар во предградието на Доњецк, град во Украина кој моментално е под руска окупација, соопштија локалните власти.
Денис Пушилин, шеф на руските власти во Доњецк, додаде дека во нападот се повредени уште десет лица. Тој ја обвини украинската армија дека испукала гранати во Текстилшчик.
Киев допрва треба да го коментира инцидентот, а Асошиетед прес не можеле самостојно да ги потврдат руските тврдења. Пушилин изјавил дека итните служби продолжуваат да работат на местото на настанот.